Calibra LIFE

За кучиња и мачки 17 производи

Комплетната и балансирана храна за кучиња Calibra LIFE содржи сè што му е потребно на вашето куче.

Прочитај повеќе Прочитај помалку

Поединечните рецептури внимателно ги прилагодивме на секоја возрасна и тежинска категорија на кучиња. Затоа, Calibra LIFE е создадена да го следи вашиот миленик во текот на целиот негов живот. Нашите рецептури се збогатени со пробиотикот Lactobacillus acidophilus, кој има позитивно влијание врз варењето и имунолошкиот систем.

Погледни производи

За линијата

Calibra LIFE е суперпремиум линија на производи, создадена за да го следи вашето куче или мачка во текот на целиот нивен живот. Секој животен период има свои специфики, вклучително и различни потреби во однос на исхраната, нејзиниот состав и вкупната енергетска вредност. Токму овие потреби беа инспирација за создавањето на линијата Calibra LIFE.

Calibra LIFE за кучиња

Сите наши комплетни храни Calibra LIFE за кучиња се хипоалергени и базирани на еден извор на протеини. Во поединечните рецептури на сувата храна, протеините од животинско потекло сочинуваат 80–90 % од вкупната содржина на протеини. Внимателно одбраните функционални додатоци придонесуваат за постигнување на посакуваниот ефект на секоја рецептура. Сите наши храни се одликуваат со висока вкусност и сварливост, што, меѓу другото, се должи на висококвалитетните суровини на кои во Calibra посветуваме големо внимание.

Конзервите Calibra LIFE за кучиња исто така се хипоалергени и монопротеински. Во понудата ќе најдете и рецептури за кучиња со чувствително варење со зајачко или јагнешко месо. Новитет во асортиманот се и паучите за кученца и возрасни кучиња.

Calibra LIFE за мачки

Мачките се пребирливи кога станува збор за храната, па затоа кај Calibra LIFE за мачки посебно внимание посветивме на високата вкусност. За тоа придонесуваат свежото месо и комбинацијата од повеќе видови месо. Сувата храна Calibra LIFE за мачки не содржи пченица.

Кај влажната храна можете да изберете помеѓу хипоалергени конзерви со еден вид месо или паучи со филети во сос, кои содржат комбинација од повеќе видови месо.

Производи од линијата