Како започна сè
Calibra – чешки бренд за храна за домашни миленици, е создаден врз темелите на заедничката работа на група ветеринари кои биле, и сеуште се, ентузијастични колеги и пријатели.
Кон крајот на 1990-тите, д-р Јаромир Коудела, визионерски настроен ветеринар и менаџер, успеал да изгради компанија за ветеринарна дистрибуција – Noviko. Компанијата била резултат на ентузијазмот и заедничката работа на седум пријатели, од кои петмина биле поранешни соученици од Универзитетот за ветеринарни и фармацевтски науки во Брно. Станувало збор за исклучително креативна група, која растела исто брзо како и самата компанија.
Милениците значат сè за Calibra
Најдобри пријатели, членови на семејството, верни придружници, сродни души… накратко, сите позитивни зборови што можете да ги замислите. Ние во Calibra поминуваме многу време со милениците, како во професионалниот, така и во приватниот живот. Затоа, здравјето на вашите кучиња и мачки секогаш ни е на прво место. Милениците се нашата најголема мотивација, но истовремено и наши советници и критичари.
Развој и визија
Брендот Calibra доживеа значаен и успешен развој. Денес, нашето портфолио опфаќа линии на суперпремиум и премиум храна за домашни миленици, како и омилените Joy грицки. Во нашата понуда се и ветеринарните диети, развиени според највисоки барања во однос на квалитетот и составот.
Ние во тимот на Calibra сме горди што денес ги извезуваме нашите производи во повеќе од 30 земји ширум светот, како и што нашите меѓународни тимови ги споделуваат истите вредности и ентузијазам за работа што ги имаа нашите колеги уште во крајот на 1990-тите во Брно. Затоа и денес продолжуваме да се стремиме кон создавање производи со врвен квалитет за домашните миленици – сега достапни ширум светот.
Брендот Calibra
Идејата за создавање сопствен бренд на храна за домашни миленици датира од 2001 година. Иако самата идеја не била особено револуционерна, нејзината најголема сила лежела во јасната визија. Грижата за милениците и нивното здравје отсекогаш биле главниот двигател на овој млад тим ветеринари, па основачите на компанијата уште од самиот почеток имале јасна цел: да се посветат на квалитетот и да придонесат за здрав и долг живот на милениците, опкружени со своите сопственици.
Ова е можно благодарение на координираната соработка меѓу тимови составени од специјалисти за исхрана и здравје на животните, експерти за лабораториска дијагностика, ветеринари со практично искуство, технолози и специјалисти за производство, дизајнери и други професионалци. Добро балансираните формули на Calibra се резултат на одличната и долгогодишна соработка со водечки специјалисти и универзитети.