Calibra VD Dog Can Gastrointestinal Low Fat 400 g
250,00 ден.
Влажна Ветеринарна Диета за кучиња
На залиха
Бесплатна достава за нарачки од 1.500 ден. или повеќе (под тој износ 180 ден.). Еко Логистик, 1–5 работни дена.
Плаќање во готово при преземањето на пратката, во денари (МКД).
Ветеринарна диета. Се препорачува консултација со ветеринар пред употреба и пред продолжување на периодот на употреба.
Опис
Дали вашето куче има гастроинтестинални проблеми, нарушено варење на храната или или проблеми со метаболизмот на мастите?
Наменета за:
Намалување на нарушувањата во цревната апсорпција
Надоместување при нарушено варење на храната и егзокрина панкреасна инсуфициенција
Поддршка на метаболизмот на мастите при хиперлипидемија.
Состав
Состав: туна (36 %), јагнешко месо (10 %), ориз (4 %), хидролизиран квасец (2 % – извор на инозитол и аминокиселини), брашно од грашок (2 %), лигноцелулоза (1 %), јаболка (0,5 %), лушпи и семе од псилиум (0,5 %), калциум карбонат (0,4 %), манан-олигосахариди (0,0058 %), β-глукани (0,005 %), фрукто-олигосахариди (0,0048 %), јука Мохаве (0,0048 %). Лесно сварливи извори на состојки: туна, јагнешко месо, ориз.
Аналитички состојки: суров протеин 8,2 %, сурови масти 1,8 %, сурова пепел 2,2 %, влага 80 %, сурови влакна 0,9 %, калциум 0,3 %, фосфор 0,3 %, натриум 0,2 %, магнезиум 0,07 %, калиум 0,2 %, омега-3 масни киселини 0,2 %, омега-6 масни киселини 0,2 %.
Метаболичка енергетска вредност: 725 kcal/kg.
Нутритивни додатоци по 1 kg: витамин А (3a672a) 5.000 IU, витамин D3 (3a671) 250 IU, витамин Е (3a700) 230 mg, витамин C (3a312) 100 mg, биотин (3a880) 0,5 mg, цинк (3b612) 33 mg, железо (3b107) 15 mg, манган (3b505) 17 mg, калиум јодид (3b201) 1 mg, бакар (3b407) 1,1 mg, селен (3b810) 0,04 mg, L-карнитин (3a910) 80 mg.
Технолошки додатоци во 1 kg: клиноптилолит од седиментно потекло (1g568) 1.800 mg.
Хранење
Комплетна диетална храна за кучиња. Високо сварлива храна со зголемена содржина на натриум и калиум. Се препорачува консултација со ветеринар пред употреба.
Препорачано времетраење на употребата за надоместување на нарушеното варење (малдигестија): првично до 12 недели, а доживотно во случај на хронична панкреасна инсуфициенција. За намалување на нарушувањата во цревната апсорпција: до 12 недели.
Свежа вода за пиење треба да биде достапна во секое време. Препорачаните дневни количества се наведени во табелата за хранење и треба да се приспособат на моменталната состојба на кучето.
Препорачана дневна количина
- 2,5 kg
- 250 g
- 5 kg
- 430 g
- 7,5 kg
- 570 g
- 10 kg
- 730 g
- 20 kg
- 1230 g
- 30 kg
- 1650 g
- 40 kg
- 2080 g
- 50 kg
- 2450 g
Спецификации
- За кого?
- Кучиња
- Возраст на куче
- Возрасно – Adult, Постаро – Senior
- Големина на куче
- Мало, Големо
- Извор на протеин
- Риба
- Тип на храна
- Влажна храна – Конзерви
- Фокус на храната
- Варење, Кожа и крзно
- Линија
- Calibra Veterinary Diets
