Calibra LIFE за кучиња
Сите наши комплетни храни Calibra LIFE за кучиња се хипоалергени и базирани на еден извор на протеини. Во поединечните рецептури на сувата храна, протеините од животинско потекло сочинуваат 80–90 % од вкупната содржина на протеини. Внимателно одбраните функционални додатоци придонесуваат за постигнување на посакуваниот ефект на секоја рецептура. Сите наши храни се одликуваат со висока вкусност и сварливост, што, меѓу другото, се должи на висококвалитетните суровини на кои во Calibra посветуваме големо внимание.
Конзервите Calibra LIFE за кучиња исто така се хипоалергени и монопротеински. Во понудата ќе најдете и рецептури за кучиња со чувствително варење со зајачко или јагнешко месо. Новитет во асортиманот се и паучите за кученца и возрасни кучиња.